
Во врска со изјавите на раководството на СДСМ дека не сакаат да бидат алиби за предвремени избори, Мицкоски истакна дека опозицијата не знае што сака и постојано тактизира.
– Го знаете и нашиот став и ставот на Владата, а тој е дека нејзиниот мандат е четири години. Од она што можам да го видам, опозицијата бледо тактизира кога станува збор за предвремени избори или за меѓуизбори. Но, тоа е што е. Нашиот мандат како Влада е четири години и наш приоритет се граѓаните, интересот на граѓаните и проектите и реформите што треба да ги испорачаме и кои граѓаните ги очекуваат од Владата и она што го испорачуваме во изминатите 25-26 месеци откако оваа Влада е избрана – рече Мицкоски.

Македонски


