Skip to main content

Мицкоски-Ибрахимовиќ: Остануваме посветени на продлабочување на пријателските односи и соработката во интерес на граѓаните и на стабилноста на целиот регион

Денеска имавме продуктивна средба со Министерот за надворешни работи на Црна Гора, г. Ервин Ибрахимовиќ. Разговаравме за унапредување на билатералните односи, зајакнување на регионалната соработка и заедничките европски перспективи, информираше Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

Посебен акцент ставивме на економската соработка, инфраструктурното поврзување и размената на искуства во процесот на европска интеграција. Остануваме посветени на продлабочување на пријателските односи и соработката помеѓу нашите две земји, во интерес на граѓаните и на стабилноста на целиот регион.

Поврзани вести