
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Желино истакна дека нема да има бегалски кампови во Македонија. Повтори дека стратешкиот договор со Велика Британија не предвидува вакви кампови, и дека, како што кажа, таа тема е затворена.
„Апсолутно нема таква работа, и тоа го кажа и британскиот амбасадор. Таа тема се наметна откако во Албанија беше потпишан догово помеѓу тамошниот премиер и премиер на земја од Европската Унија за изградба на кампови, каде Албанија ќе прими десетици илјади мигранти. Таа тема е затворена, и таа тема нема да се пренесе тука. Така што граѓаните може да бидат спокојни“, рече Мицкоски.