
Кандидатот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, води во вториот круг на локалните избори во Куманово со освоени 50,77% од гласовите, односно 10.358 гласа.
Неговиот противкандидат Горан Стојковски од Групата избирачи „Горан Стојковски – ДИРО“ добил поддршка од 45,20%, односно 9.222 гласа.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), обработени се 118 од вкупно 167 избирачки места, што претставува 70,66%. Излезноста во општината изнесува 67,35%, или 63.338 гласачи од вкупно 94.041 запишани во избирачкиот список.
На изборната карта, Куманово е обележано со сино, што ја означува водството на Движењето ЗНАМ.

Македонски







