Skip to main content

Лејла Кадриу за Ленче Ристоска: Наместо одговори добивме оставка

Адвокатката и поранешна обвинителка Лејла Кадриу реагираше по оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека станува збор за „бегство од одговорност“, а не за принципиелен чин.

„По мојот настап – наместо одговори, добиваме оставка, а можеби и оставки, ќе видиме. Не како одговорност, туку како бегство од одговорност. Кога аргументите недостасуваат – тајмингот станува најсилно оружје“, напиша Кадриу.

Таа посочи дека би верувала во принципиелност доколку ваквиот потег бил направен во периодот на предавање на незаконски прислушкуваните материјали.

„Да го направеше овој потег при примопредавање на незаконито прислушкуваните материјали кога државата ја рушеа од темел, ќе ѝ поверував дека има принципи. Кога вистината почнува да боли, оставката станува најлесен одговор“, додаде Кадриу.

Нејзината реакција доаѓа по претходно јавно гостување во „Вечерното шоу“ на Алфа во кое тврдеше дека СДСМ имале влијание врз работата на поранешното СЈО, по што дел од обвинителите најавија тужби.

Поврзани вести