
Куманово од утринава е под снежна покривка од неколку сантиметри, а снегот продолжува да паѓа и понатаму.
Екипите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ од рано утринава се активни на терен и ги рачистуваат сообраќајниците, соопшти градоначалникот Максим Димитриевски.
ЈП „Чистота и зеленило“ интензивно работи на расчистување на снегот во централното градско подрачје и во околните населби, со цел обезбедување безбедно и непречено движење за сите граѓани, вели Димитриевски.

Македонски




