Skip to main content

Крипто пазарот и блокчејн технологија во фокус на разговорот Мицкоски-Спиро: Mора да чекориме со големи чекори напред за Македонија да биде повторно горда

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со главниот директор во Тетер и одговорен за стратешките односи со владите во Светот, Џеси Спиро.

Oстварив средба со Џеси Спиро, главен директор во Тетер и одговорен за стратешките односи со владите во Светот. Тетер е најголемата компанија во Светот која менаџира дигитален капитал, крипто валути. Профитот на компанијата во 2023 година е 6,2 милијарди американски долари, а само во првата половина од 2024 година профитот на компанијата е 5,2 милијарди американски долари.

Разговаравме за крипто пазарот, иднината на крипто валутите и блокчејн технологијата. Секоја инвестиција во Македонија на Тетер и споделено искуство од најголемите во својата област е добредојдено. Мора да чекориме со големи чекори напред. Предизвиците на иднината не смееме да ги игнорираме и да останеме заобиколени туку треба да бидеме дел од нив, за да Македонија биде повторно горда и ваша!, информира Мицкоски.

Поврзани вести