
Јас не би ја замислил Македонија денес без ВМРО-ДПМНЕ. Кога зборуваме за патриотизам денес патриотизмот јас го гледам лично од постапките на претседателот Христијан Мицкоски заедно со Владата предводена од Христијан Мицкоски која за нецела година успеа да направи толку проекти да реализира во Македонија што некои пред нас и за 7 години не успеа да направат, истакна Мане Јаковлевски од Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија „Идеја што не запира, вредности што носат промени“.
Јаковлевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот Христијан Мицкоски бранител на националните интереси.
-Владата на ВМРО-ДПМНЕ не само што гради, ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот Христијан Мицкоски е и бранител на националните интереси. Не би сакал сега да замислам дека ВМРО-ДПМНЕ ја нема во Македонија, тогаш господ знае каде ќе нè однесеа овие пред нас кои седум години ја пљачкаа државата, продаваа национални интереси, променија име, променија име на аеродром и автопати, брусеа шахти по скопските улици, го тргнаа споменикот на „Ќосето“, работеа се само не во интерес на Македонија, вели Јаковлевски.
Јаковлевски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е првиот и најважниот бранител на интересите на Македонија.
-Покрај ова што се прави и се работи сега со проектите во Македонија, jас очекувам во догледно време оваа градба со активности кои ја има Владата да бидат и капислата за обединување на Македонците. Ако ги погледнеме последните локални избори и парламентарни тогаш ќе забележиме дека токму поголемиот дел од народот ни даде поддршка. Кога ќе се завршат овие проекти што веќе се почнати или дел што треба да почнат тогаш македонскиот народ уште повеќе ќе поверува на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е за мене сигналот дека ќе почне правото обединување во Македонија, заклучи Јаковлевски.