![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/korupcija-freepik.jpg)
Извештајот на Транспаренси е доказ дека главна активности на СДС им беше криминалот и корупцијата. Извештајот покажува колку СДС ја уништи државата и ја зацементира корупцијата. Извештајот за транспарентност опфаќа само 3 месеци од владата на ВМРО-ДПМНЕ. И се однесува претежно на периодот од минатата влада – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат:
Извештајот на Транспаренси опфаќа се од пиротехниката на Дрин Ахмети, преку тендерите во РЕК Битола, до аздисаноста во ЈП Државни патишта.
Штетата која СДС ја направи се чувствува уште.
ВМРО-ДПМНЕ очекува подобрување во периодот што следи. Но мора да потенцираме дека обвинителството и судството се главната пречка зошто нема нови случаи посебно против поранешни функционери.
Обвинителството и судството жолчно се борат да ја спречат правдата. Делови од овие структури со последни сили си ги бранат тие што ги поставувале и унапредувале.
Претходно од опозиционата СДСМ пак обвинија дека падот на листата за перцепција на корупцијата е последица на лошото владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Резултатите од годишниот извештај на „Транспаренси интернешнл“ се уште еден доказ за неспособноста и неуспехот на Владата предводена од ДПМНЕ. Македонија бележи катастрофален пад од 12 места во Индексот за корупцијата за 2024 година, што претставува прво назадување на нашата држава од 2019 година.
Оваа Влада ветуваше „беспоштедна борба против корупцијата“, но за само осум месеци успеа да ја доведе Македонија до најслабата позиција на скалата во последните пет години. Со падот на два поени и рангирањето на 88 место, граѓаните јасно покажуваат дека немаат доверба во нивните политики и дека корупцијата е полоша од било кога.
Додека соседните земји, како Албанија и Косово, прават сериозни чекори напред – Албанија е осум места пред нас, а Косово дури петнаесет – Македонија под оваа Влада се движи наназад.
СДСМ за време на своето владеење ја зацврсти позицијата на Македонија во борбата против корупцијата, овозможувајќи континуирано напредување на индексот од 2019 до 2023 година. За разлика од тоа, Владата на ДПМНЕ го врати нашиот рејтинг наназад, а земјата ја ставија во групата на најкорумпирани држави во Европа.
Одговорноста за овој неуспех е кај Владата, наместо да ја лаже јавноста со празни ветувања и пропаганда треба да покаже системски мерки и реформи за борба со корупцијата.
СДСМ останува цврсто посветен на борбата против корупцијата и изградбата на институции кои ќе служат на граѓаните, а не на партиските интереси – обвини СДСМ.