
Според најновите податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до 15:00 часот на гласање излегле 27,18% од запишаните избирачи, што претставува стабилен пораст во однос на претходните часови.
Највисока излезност има во Крушево (50.22%), Пробиштип (49.04%), Росоман (48.13%), Демир Капија (46.97%) и Лозово (46.95%), додека најниска е забележана во Сарај (6%), Чаир (8.83%), Бутел (17.84%) и Шуто Оризари (19.76%).

Источниот и југоисточниот регион повторно водат според активноста на гласачите, додека големите урбани центри, особено Скопје, Куманово и Тетово, и понатаму заостануваат зад државниот просек.
Трендот покажува дека излезноста постепено расте со секој следен час, а очекувањата се дека по 17:00 часот ќе има забележителен скок на активноста на гласачите пред затворањето на гласачките места.
Излезност до 15:00 часот во Скопје – Карпош и Центар предводат, Сарај и Чаир остануваат последни
Излезноста во скопските општини до 15:00 часот бележи умерен раст, со просек од околу 20%, но и натаму е под државниот просек.
Највисока излезност има во Карпош (32.4%) и Центар (31.84%), по што следат Кисела Вода (29.57%), Аеродром (28.35%) и Ѓорче Петров (24.92%).
Од друга страна, Сарај (6%) и Чаир (8.83%) остануваат со најниска излезност во главниот град, додека Шуто Оризари (14.76%) и Бутел (17.84%) бележат благ пораст во споредба со претходниот извештај.

Иако динамиката на гласањето се зголемува, Скопје и натаму заостанува зад останатите региони, каде излезноста во повеќе општини веќе надмина 40%.
Очекувањата се дека дел од скопјани ќе гласаат во попладневните часови, што би можело да ја доближи излезноста кон државниот просек до крајот на денот.

Македонски







