Skip to main content

Искршени фотографии од петтемина штипјани загинати во пожарот во кочанскaтa дискотека

Искршени се фотографите од петтемина штипјани загинати во пожарот во кочанското дискотеката, кои беа поставени на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Фотографиите до редакцијата на МИА ги доставија роднини на починатите, кои утринава го забележале вандализмот од страна на непознати сторители.

Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ загинаа Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов, Дамјан Таневски и Филип Ивановски.

Нивните фотографии беа поставени на Градскиот плоштад „Слобода“ на 16 март, кога се случи трагедијата во која животите ги загубија 62 лица.

Поврзани вести