
Арбен Таравари поднесе иницијатива до Уставниот суд со која се оспорува уставноста на измените на Законот за прекршоци. Уставниот суд веќе формира предмети по иницијативите поднесени од Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села и од Илир Пачуку. Во овие иницијативи се оспоруваат измените на Законот за прекршоци во делот што се однесува на воспоставувањето и функционирањето на електронскиот систем за надзор во сообраќајот, познат како „Безбеден град“.

Македонски



