
Поранешниот градоначалник на Центар од редовите на СДСМ, вечерва во подкастот „На претрес кај Ландов“ посочи дека актуелниот градоначалник на Центар од СДСМ Горан Герасимовски ќе изгуби на престојните локални избори.
Ќе изгуби затоа што по 2021 година, таа структура која носеше позитивни резултати во Центар за СДСМ е тргната на страна, многу луѓе се дистанцирани благодарение на Горан Герасимовски, нема луѓе. Дополнително на тоа, има негатива од 6.300 гласа за него од претходните парламентарни избори 2024 година, таа негатива само ќе следи на овие избори – посочи Саша Богдановиќ, поранешен градоначалник на Центар од редовите на СДСМ.
Тој вели дека не е лут на СДСМ, туку само укажува на тоа што не чини во партијата и негира дека молчел кога бил градоначалник.
Рече дека Зоран Заев е човекот кој го тргнал од политиката и не му дал шанса за втор мандат.