
Во името на Собранието на Република Македонија и во мое лично име, Ви упатувам најискрени честитки по повод 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски – стои во честитката на претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Тој вели:
Делото на Свети Климент Охридски претставува темел на писменоста, образованието и духовната култура на македонскиот народ. Неговото наследство е универзална вредност што ги надминува верските и етничките граници и е симбол на знаењето, мудроста и напредокот.
Овој ден нѐ потсетува дека вложувањето во образованието, културата и знаењето е најсилниот столб врз кој се гради стабилна, праведна и демократска држава. Во тие вредности ја препознаваме заедничката цел – силно, обединето и перспективно општество за сите граѓани.
Нека празникот биде поттик за уште поголема посветеност кон образованието, науката, толеранцијата и меѓусебното почитување.
Честит 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски!

Македонски







