Skip to main content

Филипче: Нема договор за Стевче Јакимовски во Карпош

 Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска повика на масовна излезеност во вториот круг на локалните избори в недела и поддршка од граѓаните за кандидатите на СДСМ и коалицијата.

– Сите кандидати ќе бидат на ваша страна за програми кои се реални и кои може да се испорачаат. Со гласот за нив, порачувам до граѓаните дека гласаат за чесност, за отчет и за луѓе со резултати зад себе, рече Филипче на прес-конференцијата во партиското седиште на СДСМ во Скопје. 

Кандидатите на СДСМ кои се бореле за вториот круг во 17 општини, според него,  покажале што значи да се направат програми и истрчале добра кампања,  но „се соочиле со притисоци, заплашувања и злоупотреба на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ“.

– И за време на периодот во првиот круг и во изминатите две недели сведоци сме на континуирани притисоци и врз нашите кандидати, членовите на тимовите, од страна на полицијата, единиците за брзо распоредување, од службите за социјална работа, од единиците на Управата за јавни приходи и тоа го детектиравме во буквално сите општини посебно засилено во 17 општини во очи на вториоит круг. Јасно е дека е карактеристика на ВМРО-ДПМЕ секогаш кога се на власт да го злоупотребуваат државниот апарат и да се обидуваат и да спроведуваат поткуп кај граѓаните, рече Филипче.  

Од друга страна, дополни, барам поддршка за нашите кандидати –  луѓе добро препознаени во своите средини кои водеа искрена и фер кампања.  – Затоа што со избор на Александар Трајановскик  во Аеродорм, Перо Костадинов во Валандово, Гоце Милевски во Виница, Лазар Петров  во Демир Капија, Ристо Џинев во Дојран, Ванчо Митев во Зрновци, Благоја Илиев во Коче,  Томе Христовски  во Крушево, Аци Велковски во Лозово, Соња Стаменкова во Македонска Каменица,  Петар Мантев во Неготно, Драган Атанасов во Пробиштип, Даниел Крстевски Ранковце, Стојан Николов во Росман, Горанчо Крстев Чешиново Облешово, Сашко Комненовиќ во Чучер Сандево и Горан Герасимовски  граѓаните добиваат градоначалници кои ќе работат исклучиво во нивни интерес и ќе одговараат пред нив, наведе претседателот на СДСМ.   

Нагласи дека во вториот круг бараат поддршка од сите граѓани и гласачи без оглед за кого гласале во првиот круг.

– Ги повикувам и сите кандидати и нивните поддржувачи кои не поминаа во вториот круг да се приклучат во оваа борба за поддршка на овие вредносни политики. Во општините каде СДСМ нема кандидат во вториот круг секој член, граѓанин и симпатизер има целосно право да одлучи согласно сопственото убедување според тоа кој кандидат носи вредности блиски до социјалдемократската идеја и вредности за чесно владеење, за почит, за еднаквост и за развој, рече Филипче. 

Потенцираше дека во тие општини СДСМ нема да навлегува ниту навлегле во некакви калкулации и заткулисни договори.

Нема, како рече, ниту договор за поддршка на Стевчо Јакимовски во Карпош, иако беше објавена заедничка фотографија на кандидатката на СДСМ Маја Мојсовска од првиот изборен круг со  Јакимовски. 

– Не станува збор за никаков договор, разговарав и со Маја ќе се видиме во текот на денов, таа напиша и едне пост, тоа го препишувам на политичко неискуство, нема никаков договор за поддршка на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош, каде и ние се боревме во првиот руг, рече Филипче

Поврзани вести