
Филипче за „360 степени“ нагласи дека и покрај честите коментари дека има „златна професија“, тој никогаш не ја напуштил неврохирургијата и верува дека политиката може да биде чесна професија.

„Јас не сум ја напуштил мојата професија. Јас неврохирургијата не сум ја напуштил. Јас не би рекол дека политиката е лоша професија. Лоша е перцепцијата поради лошите практики кои што се имплементираат на пример сега. И да бидам целосно фер, со години наназад и тоа е мојот предизвик. Конечно да се сменат работите. Да знаат луѓето дека и политиката може да е чесна професија, да се работи за доброто на луѓето, а не за сопствен бенефит“, порача Филипче.

Македонски

