Skip to main content
RlVJa7ybnEY

Филипче не се откажува од Заев, а со тоа ниту од криминалот во РЕК Битола

Филипче не се откажува од Заев, а со тоа ниту од криминалот во РЕК Битола. Десетици милиони евра испумпаа фирми блиски до Заев од РЕК Битола. 7 години енергетскиот комбинат беше пустошен од СДС, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Со неоткажувањето од Заев, Филипче не се откажува ниту од милионскиот грабеж во РЕК Битола – додаде тој.

Тендерот од 43 милиони евра за ископ на Марковски компани, кој е поништен од новото раководство во РЕК Битола е само еден од десетиците, каде фирми како Јавор Транс и други блиски до Заев испумпуваа милиони како подизведувачи, потенцира Петрушевски.

И додаде дека, Матните тендери во РЕК Битола, преку кои се испумпуваа милиони, резултираа со поскапа струја за народот.

Венко Филипче со неоткажувањето од Заев, не се откажува ниту од криминалот во РЕК Битола и го прифаќа како политичко наследство со кое се гордее – изјави Бране Петрушевски.

Поврзани вести