Skip to main content

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

 – Киро Глигоров, има историски заслуги за тоа што државата ја стекна својата независност по мирен пат, без војна, жртви и разорувања, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче, на свеченоста по повод 35 години независност, во организација на СДСМ, „Македонија е сè што имаме“ на која премиерно беше прикажан документарниот филм „Глигоров од Македонија“, дело на Никола Т. Калајџиски и Аристид Филактов, посветен на првиот претседател на независна Македонија.

Филипче истакна дека историската улога на Глигоров, особено во еден од најтешките периоди на Балканот, сè уште не е доволно вреднувана во неговата татковина.

-Што направивме со државата што ја добивме пред 35 години по мирен пат без жртви и без разорувања, за што историски заслуги има нашиот претседател Киро Глигоров. Да имаме сопствена самостојна држава по мирен пат, по ужасните војни и крвав распад на Југославија што ги погоди сите републики, неговата заслуга сè уште и по три и пол децении не е вреднувана во неговата татковина како што е вреднувана од светот- рече Филипче.

Глигоров, посочи, припаѓаше на генерацијата македонски државотворци која учествуваа во создавањето на темелите на современата македонска државност, а потоа ја предводел земјата во процесот на осамостојување.

-Во една личност се споија две македонски епохи. Генерацијата што ја создаваше македонската државност во рамките на федерацијата и генерацијата што требаше да ја изведе Македонија од федерацијата и да ја внесе во светот како самостојна држава- истакна Филипче.

Големината на Глигоров, додаде, се гледа токму во неговата способност да ја сочува Македонија од војната која беснееше во регионот

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetsupertotobetjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomholiganbet girişholiganbet girişholiganbet girişholiganbetholiganbetholiganbetholiganbetmarsbahismarsbahisholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetbahsegelcasibomjojobetstarzbetholiganbetjojobetroketbetcasibomzbahis