Бисзнисменот Дрин Ахмети во интервјуто за „Република“ ја коментираше фотографијата на која е неговиот татко и обвинителот за организиран криминал Ислам Абази.Тој потврдува дека се знае со Абази како и со неговиот татко но оти тоа е нормално бидејќи Зајас е мало место и секој се знае со секого.
Го познавам таткото на Ислам Абази, професорот Асан Абази. Тој е наставник по историја во средното училиште во Зајас, беше професор, сега е во пензија. Јас го познавам неговиот татко. Зајас е мало место, веројатно 4.000 луѓе живеат таму. Можеби 4 или 5 илјади луѓе, не ме земајте за збор. Веројатно бројот на постојани жители е уште понизок. Не ме земајте за збор. Таму сите се познаваме. Сите знаеме еден за друг. И не мислам дека господинот Абази како обвинител е директно ангажиран во ниту еден мој предмет. Но, згора на тоа, господинот Абази го немам сретнато од почетокот на истрагата. Ниту татко ми го сретнал, колку што јас знам, ниту некој од моето потесно семејство. Значи, сите се познаваме, мала држава сме. Кој и да е човекот, многу лесно можеш да го најдеш во Македонија. Ние не сме држава од 20 милиони луѓе.
Дали сте семеен пријател со обвинителот Абази?
Ахмети: Не, не, тоа беше настан, затоа што татко ми, тој седи таму е затоа што на тој настан имавме собрани 40 или 50 луѓе, а татко ми сака народна музика. Тој имаше покането неколку пејачи таа вечер, и има и видеа од тој настан. Ние славиме семејна пригода. Значи, така, тој ни е познат, го знам, сум го сретнал можеби 4 или 5 пати во животот, но никогаш не сум го прашал ништо.