
Вчера бев многу јасна, но еве денес да го заокружиме и јас очекувам ова со мене да биде затворено. Веќе изразив жалење за целиот контекст, но и самите сте свесни дека народот има поважни теми од лажната тема која ја создаваат за дефокус. Немам никогаш намера да навредам никого, напротив и таа самата го знае тоа, ама вака и чини сега да изиграва жртва, изјави министерката Димитриевска Кочоска.
Министерката појасни дека за време на дебатата немало никакви реакции, но откако опозицијата се искординирала започнаа со дефокус, додавајќи сека ниту една навреда кон нејзе нема да ја вовлече да навредува и да визвраќа со навреди.
Откако се искординирале, правата тема од ова бидејќи колку што можевте да заклучите додека дискутиравме реакции немаше, им требаше време да се искординират, да размислат, да видат и да дефокусираат, но секакко повторувам, ниедна туѓа навреда кон мене нема да ме вовлече да навредувам и да возвраќам со навреди. Ова се ќе помине и за мене најважно е да останиме луѓе и да му помагаме на луѓето колку што можеме. За мене, како што ви кажав темата е затворена, се фукусирам на мојата работа за која имам одговорност да ја работам и со задоволство објавувам рекордно ниво на инвестиции во Македонија, затоа им смета, затоа што темелно чекор по чекор си ја работам работата, резултатите се јасни и видливи. Тие во исто време се и мерливи. Не исклучувам да продолжат со напади кон мене, но и тоа е дел од работата која имам чест да ја водам, да му служам на мојот народ и државата, појасни министерката Димитирвска Кочоска .