
Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори низ Македонија.
Последниот одзив е до 18:30 часот, одзивот на ниво на државата изнесува 46,65%, односно излегле да гласаат 803.091 граѓанин, од 94,62% од обработените избирачки места“, рече Борис Кондарко.
„Во споредба на локалните избори во 2021 година, вкупниот одзив изнесувал 49,98%“, додаде Кондарко.