Skip to main content

Денеска завршува првото пријавување од јунскиот рок за упис во средни училишта, досега поднесени над 13 илјади апликации

Фрипик

Министерството за образование и наука потсетува дека денес е последен ден за поднесување апликации во рамки на првото пријавување од јунскиот рок за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година.

Апликации можат да се поднесуваат до крајот на денот. Второто пријавување е на 30 јуни, додека конечните ранг лист по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули.

Потсетуваме дека пријавувањето е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на schools.mk. Истовремено, реагираме и ги демантираме натписите во дел од медиумите, каде е наведено дека системот отежнато функционира или целосно е блокиран, велат од МОН.

Не постојат никакви предизвици во работата на платформата, на која досега се поднесени 13.200 апликации, односно поголемиот дел од полуматурантите веќе се пријавени за продолжување на образованието. Министерството им излегува во пресрет на сите кои имаат потреба од поддршка при аплицирањето, додаваат од МОН.

Конкурсот со слободни места е објавени на овој линк.

Поврзани вести