
Од денеска, 15 август, започнува аплицирањето за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година. Рокот за пријавување за сите студенти е до 5 септември 2025.
Право на пријавување имаат редовни студенти од прв и втор циклус, како и од интегрирани студии на јавни и приватни универзитети во државата, кои се државјани на Македонија и немаат месечен приход поголем од минималната нето-плата.
Аплицирањето се врши електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, со задолжително прикачување на пополнета пријава и изјава за точност на податоците. Финансиската поддршка изнесува 140 денари дневно за купување храна, од понеделник до сабота, и не се исплаќа во периодот 1 јули – 1 октомври.
Исплатите ќе се вршат преку Шпаркасе банка, а студентите кои ќе го добијат правото ќе треба да потпишат договор за отворање на посебна сметка со наменска платежна картичка.