
Денеска во Кочани ќе се одржи осмиот по ред „Марш за ангелите“ – тивок, но одлучен протест во чест на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“. Граѓаните ќе се соберат во 16:05 часот во Паркот на револуцијата – време кое симболизира задоцнети институционални реакции.
Маршот ќе се движи по утврдена рута: од паркот, преку трговскиот центар, Општинската зграда и Полицијата, со завршна точка пред Судот и Јавното обвинителство.
Организаторите апелираат до сите што ја поддржуваат борбата за одговорност и правда да им се придружат. Посебен повик упатуваат до семејствата на повредените – да маршираат заедно, во знак на солидарност и поддршка.
„Ќе продолжиме да бараме правда за нашите деца, сè додека не ја добиеме,“ стои во нивното соопштение.