Skip to main content

Дали нов Протокол со Бугарија е можно решение против нови блокади?


Ќе прифати ли Бугарија нов, трет протокол со кој би се одблокирале македонските евроинтеграции? Ова прашање стана актуелно откако оваа можност пред неколку дена го начна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова а денеска за тоа проговори и министерот за евроинтеграции Орхан Муртезани.

Тоа што се работи константно по локалните избори заедно со нашите европски партнери е воспоставување на дијалогот и враќање на довербата, бидејќи без дијалог и доверба не може да стане збор за надминување на проблемот. Во моментов се прават напори за воспоставување дијалог и градење доверба, а потоа ќе стане збор и за можните начини за надминување на проблемот, изјави Муртзани.

Претседателката Сиљановска Давкова оваа можност го смета за креативно решение.

– Има протокол, тоа е записник обичен потпишан од двајца министри. Со записник вие менувате меѓународен Договор или му додавате. Отворете го Договорот за пријателство и добрососедство, еден збор нема таму за уставни измени. Тогаш нека бидат креативни, трет протокол нека усогласат во кој ќе кажат дека не може прашањата врзани за историјата, културата и идентитетот да бидат услов, посочи претседателката.

За што се работи

Првиот протокол кој го потпиша екс-министерот за надворешни работи Никола Димитров со неговата колешка од Бугарија Екатерина Захариева после првата меѓувладина седница, исчезна од архивите на МНР. Со тоа остана неодговорено прашањето дали Димитров се согласил Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ да биде бугарски празник.

Со посредство на европските партнери, во 2022 беше пронајден компромис за преговарачката рамка на Македонија која прифати во Преамбулата од Уставот, покрај постоечките, да се додаде и бугарската заедница, а од друга страна, се задржа чистата формулација за македонскиот јазик со тоа што Бугарија даде унилатерална изјава во која го изрази својот став за ова прашање. Тогаш беше потпишан и протокол меѓу министрите за надворешни работи Бујар Османи и Теодора Генчовска., Бујар Османи и Теодора Генчовска.

Уставен одлучува за протоколот

За протоколот се води постапка пред Уставнот суд  кој во август реши да отвори предмет и да се произнесе дали тој се коси со Уставот или не.

Пред судот од страна беше оспорено тоа што тој не бил ратификуван во Собранието, „произведува штетни дејствија врз идентитетските прашања за македонскиот народ, јазик и држава“. Одлука од Уставен сè уште нема.

Игор Чавески

Поврзани вести