Skip to main content
Став на ВМРО-ДПМНЕ

Да лицитираше Бујар со откажување од криминалот на својата партија како што лицитира со македонскиот идентитет, државата ќе беше веќе во ЕУ

Што има против Бујар Османи од сојузништвата со Америка и Британија?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Никој не се откажува од ЕУ патот, ниту бара алтернативи, само ги зајакнува дипломатските врски со држави значајни за нас. Истовремено Бујар Османи е најмалку повикан да говори на оваа тема откако како негово наследство имаме продадени интереси и идентитет на Македонците и пар фризерки испратени во дипломатија заедно со распадната и крајно партизирана мрежа во која дипломатијата е туризам и печалбарство, а не работа во функција на државата.

ДУИ мора да се соочи со реалноста. И конечно да сфати дека продавањето на македонските интереси со прифаќањето на францускиот предлог нема да се заборави од страна на Македонците и ако сакаат да се искупат за тоа треба да покажат јасна промена на односот кон своите сограѓани и нивно почитување. И тука не сакаме да потсетуваме за тендерите за организација на настанот на ОБСЕ што го организираше Бујар, ниту за ред други корупциски афери на неговата партија за кои Бујар измеѓу две глумења на европеец ќе мора да се произнесе. И конечно нема ништо погрешно од ставот на нашата надворешна политика за меѓусебна почит, за взаемна и заедничка иднина во европското семејство со гарантирани права и идентитет за сите. Во меѓувреме, ако Бујар се осети нешто загрозен и вознемирен од сето ова, нека отиде како Рама и нека се насмее со едно селфи, очигледно Рама им делува како апче за смирување. Македонија има јасен став и тоа што Бујар не се согласува со него е првиот сигнал дека е добар за државата.

Да лицитираше Бујар со откажување од криминалот на својата партија како што лицитира со македонскиот идентитет државата ќе беше веќе во ЕУ.

Да слушаше Бујар дека е потребен консензус за францускиот предлог и дека не смее да го прифаќаат како што го слушаше и беше партнер со Артан Груби и останатите, и нем слушател при корупцијата во неговата влада и партија, ние веќе ќе имавме европска држава, а не распадната и корумпирана со систем кој е затруен од таквите како него и дел од неговите сопартијци и поранешни колеги од сите партии и неговата.

Очигледно Бујар и од тоа би се откажал се до откажување од достоинството и на последниот Македонец. Така е најлесно, нели?

Поврзани вести