Skip to main content

Д-р Николов во посета на Дирекцијата за радијациона сигурност: Има само девет вработени и недостаток од кадар, ќе се преземат корективни мерки за затекнатата состојба

Доктор Игор Николов, советник на премиерот за здравство, денеска со директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност, Зоран Бајовски одржа конструктивна средба на која се разговарало за надлежностите на Дирекцијата, вклучително и регулирање, контрола и мониторинг на употреба на извори на јонизирачко зрачење во Макединија.

Дирекцијата издава дозволи за работа на правни субјекти за работа со извори на јонизирачко зрачење, надзор на истите за безбедна употреба.
Исто така надзорот е и во однос на заштита на граѓаните и животната средина и можни несакани штетни ефекти од зрачењето и примена на највисоки стандарди за радиациона сигурност, согласно законските процедури кои се стандарзирани со Меѓународната агенција за атомска енергија IAEA.

За жал, ДРС има 9 вработени и наследена состојба со недостаток од профилиран кадар и во наредниот период посебен фокус ќе биде преземањето корективни мерки во однос на затекнатата состојба, информира Николов.

Поврзани вести