
Сакам да ја известам јавноста е инвестирање и правење на нов современ инвитро центар. Клиниката за Гинекологија и Акушерство секогаш ги воведувала најновите современи техники и дијагностички и терапевтски, па така уште во 2000 година е направено првото инвитро кај нас и првото бебе од инвитро е родено во 2000 година на УК Гинекологија и акушерство, изјави директорката Проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев на прес за почетокот на реконструкцијата на Клиниката.
-За жал четири години немаше направено инвирто на нашата клиника, меѓутоа од ноември 2024 година е почнато повторно да се работи со тоа што во програмата на Владата на Република Македонија и Министерството за здравство се одобрени 27 милиони за осовремување на застарената опрема, која што веќе 15 години не е обновена. И почна да се прави инвитрото и се надевам дека по завршување на овој проект ќе имаме можност повторно да ги следиме светските трендови, а тоа е исклучително важно за држава како што е нашата каде што наталитетот е во опаѓање, изјави Поф. Д-р Алексиоска Папестиев.
-Со реализавија на овој проект јас мислам дека пациентите ќе добијат поквалитетна здравствена заштита, ќе се намалат листите на чекање и ќе бидат подоспапни специјалистичките и субспечијалистички прегледи. Од друга страна претставува една сериозна подршка за здравствените работници кои што ќе видиме дека можат да работат во современи услови и во јавното здравствоизјави директорката.
Целиот проект ќе биде изреализиран во современи здравствени стандарди и ќе покажеме дака може да се направи една модернизација и на јавниот здравствен сектор, потенцира проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев.