Skip to main content

Централното претседателство на ДУИ го избра Фатон Положани за в.д. претседател на огранокот на партијата во Струга

На денешната седница на Централното Претседателство на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), одржана во Кичево, беше одлучено Фатон Положани да биде именуван за Вршител на Должноста Претседател на Огранокот на ДУИ во Струга.

Оваа одлука е продолжение на процесот на внатрешни реформи во ДУИ, кои се засновани на строги правила на ветинг и консултации со членството на ДУИ во Струга, како и со мнозинството граѓани на Струга.

ДУИ почна нова ера на транспарентност и отчетност.

Фатон Положани е млад и докажан политичар кој својата политичка ангажираност ја започна како посветен активист за граѓаните на Струга.

Тој со посветеност ја извршуваше функцијата Заменик министер за транспорт, при што покажа високи способности и одговорност во својата работа.

Со оваа одлука, ДУИ не само што ги продолжува своите длабоки реформи базирани на високи етички стандарди, туку и јасно покажува дека способните и докажани млади кадри преземаат клучни позиции за изградба на политичката иднина на земјата.

Демократската Унија за Интеграција останува посветена на носење конкретни промени, поддржувајќи лидери со интегритет и јасна визија за развојот на Струга.

Се овластува ВД Претседателот на Огранокот да спроведе консултации со членовите на месните совети и да предложи ВД Претседатели на месните совети, ВД членови на Претседателствата на месните совети и ВД членови на Претседателството на Огранокот“, велат од ДУИ.

Поврзани вести