
Незначително чади на депонијата „Краста“ во Кумановско, соопштија надлежните од јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“.
Екипите на претпријатието со поддршка на механизација на општествено-одговорните компании, цело време се на терен и се обидуваат целосно да го санираат чадењето, предизвикано од гасовите на самата депонија. Местото се затрупува со земја и песок, изјави директорот на „Чистота и Зеленило“, Сашо Томиќ.
Претходно на депонијата се забележуваше и пожар, видлив од повисоките локации од Куманово.
Чадењето на депонијата е најголем проблем за жителите од Пчиња и соседните села, кои неговуваат со децении на близината на оваа нестандардна депонија до нивното село.
Преку проект, предвидено е депонијата да стане претоварна станица од каде ќе се изнесува сметот до најавената регионална депонија за североисточниот и источниот регион.
Депонијата „Краста“ функционира од 1958 година и зафаќа површина од 12,5 хектари. Тука се складира сметот на градот со над 100.000 жители. Дневно на депонијата се изнесува од 100 до 120 тони смет.

Македонски




