Skip to main content
lEZaw2F4GbM

Бранителите им се Македонци: Кога се работи за сопствениот задник, за Груби и Бајрами не важи Бадентер и балансерот

Артан Груби ни пет минути не се задржа во судница. За џабе го вадеа од дома во Чаир да му го расипат раатот. Не дојде ниту другарму Прпарим, веројатно уште се нема испазарено со Обвинителството. Туку зошто и Артан и Прпарим имаат за бранители Македонци. Каде им е правичната застапеност. Баланерот изгледа не е важен кога се работи за својот задник, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Обвинителот за организиран криминал Ислам Абази до крај си го обработува мандатот за кој беше избран, а тоа е да ги штити ДУИ и СДСМ. Ете тој Абази, кој ќе остане запаметен по фотографијата на која на ушка му беше качен братот на Али Ахмети, пред неговото заминување од фунцијата ја запре постапката за модуларните болници отворена пред пет-шест години. Во тој случај беше и модуларната болница во Тетово која изгоре како кибрит, починаа 14 луѓе а за која виновен беше кабелот. Се сеќавате кој беше министер за здравство тогаш. Не е тешко да погодите. Сега има нова функција-бизнис партнер на Заев, а во слободно време е лидер на СДСМ, кога има време меѓу две патувања во Паљури и во Дубаи. Овој, претседателов де, како благодарност што нивниот обвинител ја запре постапката за модуларните болници бара ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се извинат. Да, Мицкоски да се извини за тоа што на Филипче живи луѓе му изгореа, а тој као понуди оставка, а Заев како не му ја прифати. Има логика. Кога пумпата за вода во Гостивар гледа како се спаси кабелот од модуларната во Тетово гарант си вика- ее брате има правда. Исто е ама не е исто.

Лидерот на СДСМ не знае каде тера. Те сака те не сака избори. Сега сакал ама немало да ги бара. Сте виделе негде власт да нуди а опозиција да одбива избори. Уствари кој е Филипче да се прашува за избори кога ја води третата или четвртата партија во Македонија. ДУИ, вакви-такви одма прифатија избори. Не дека се тие многу по демократијата, туку не се учени да бидат во опозиција. За ДУИ демократијата цвета само кога се на власт.

Премиерот на Албанија се пожали што во Мала Преспа на собир на македонското малцинство била интонирана само македонската химна а не и албанската химна. Боли а? Истиот тој Еди Рама кој со екипата од Македонија ни спремаше Тиранска платформа, не изреагира ниту еднаш кога на собирите на Албанците од Македонија не само што не се интонираше македонската химна туку не може да видиш ниту едно македонско знаме. Или пак кога во Тетово го пречекуваа Албин Курти со транспаренти „добредојде наш премиеру“.Рама има историја со знамиња и химни. Пред некоја години среде Атина праваше некаков собир. Грчки знамиња не видовме. Само орли, и тоа двоглави.

Еве и на Косово има иницијатива државата или протекторатот да се вика Дарданија. Збогум Метохија, добредојде Дарданија. Е таа Дарданија историски опфаќала и делови на денешна Македонија, сосе Скопје. Ако е така можеме и ние пак да го смениме името. И референдум ќе направиме ако треба. Сега може да се викаме Егејска или Пиринска Македонија. Па што.Сигурно нашите соседи од југ и од исток ќе имаат разбирање.

Проектот Сејф Сити покрај со Албанците успеа да не скара и со Србите. Се сеќавате кога ги воведоа камерите овдешните политичари Албанци тврдеа дека се поставени да ги казнуваат само Албанците. Море дури и на Уставен го дадоа законот. Ете српските туристи се жалат што на пат кон Грција шибале до даска, ги фатиле камерите а на враќање не ги пуштале да излезеат од Македонија додека не платат. Нормално.Требало за нив да има посебно предупредување само затоа што се Срби. Проблемот е што камерите не прашале:

„Брате, од Србија си? Ајде проџи слободно.“

Браќа Срби, знаеме дека патишата не ни се како вашите, но законите важат за сите. Што не се буните против Грција кога дремете по пет-шест саати на Евзони, туку с

Поврзани вести