
Битолскиот социјалдемократ Александар Палигора поднесе опставка од член на ИО на ОО на СДСМ Битола, само кусо време откако оставка поднесе и претседателот на ОО на СДСМ Битола Методија Куновски. Всушност двете оставки се само ден по влагувањето на Драган Крајовски во Извршниот одбор на СДСМ и новиот тим на Венко Филипче.
Објавата на Палигора ви ја пренесуваме во целост.
Почитувани, поднесувам неотповиклива оставка од функцијата член на Извршен Одбор на Општинската Организација на Социјалдемократски Сојуз на Македонија-Битола, одлуката не беше лесна за мене, во изминатата година како член на Извршниот Одбор вложив многу од себе, време, енергија, емоции, наидов на тешки ситуации, оваа одлука не е донесена набрзина туку по внимателно размислување и анализирање на сите случувања во последниот период во Социјалдемократски Сојуз на Македонија особено по локалните избори 2025, од тука сметам дека е неопходна одлуката за повлекување, останувам член на Социјалдемократски Сојуз на Македонија и борец за Социјалдемократијата!
Искрено искажувам благодарност на укажаната можност и доверба на Претседателот Методија Куновски да бидам дел од Извршниот Одбор, се заблагодарувам и на сите членови и симпатизери на Социјалдемократски Сојуз на Македонија со кои во изминатиот период имавме соработка.
Социјалдемократски Сојуз на Македонија е државотворна партија и е поголема од сите нас
Да живее Социјалдемократски Сојуз на Македонија, да живее Македонија.

Македонски






