Skip to main content

Азир Алиу е предлогот на Вреди за нов министер за здравство

FACEBOOK

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, ќе биде предлог на Вреди за нов министер за здравство.

Ваква е одлуката на партијата по денешниот партиски состанок.

Од Вреди информираа дека за овој предлог веќе е известен премиерот Христијан Мицкоски.

Азир Алиу е еден од членовите на Алијанса за Албанците кои одлучија да не го следат Арбен Таравари и да останат во коалицијата Вреди, истакнувајќи дека борбата против корупцијата и промените во општеството не се напуштаат на првата пречка.

Во таа пригода Алиу порача дека излегувањето од Владата во овој момент и без јасен план може да доведе до рехабилитација на старите структури од ДУИ.

Поврзани вести