
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вечерва истакна дека во изминатиот период забраниле над 240 веб-страници за приредување онлајн игри на среќа затоа што не го почитувале македонскиот правен поредок.
Над 240 забранети веб-страници, и домашни, а не само странски, кои што никогаш не поднеле и не побарале да извадат лиценца за приредување на онлајн игри на среќа во Македонија. Го добивам ова прашање често – зошто сте забраниле некој од познатите, светски. Затоа што не го почитуваат македонскиот правен поредок никогаш не ни аплицирале да добијат дозвола и не се информирале дали би можеле некако да приредуваат игри на среќа онлајн за македонски граѓани и во исто време ги злоупотребуваат податоците на граѓаните. Често тие податоци беа искористувани за продажба, нивните средства не беа безбедни и во таа насока е и забраната на нелегалните онлајн приредувачи на игрите на среќа. Ова е трет бран во кој што забранивме нови 50-тина, нагласи министерот Андоновски во вечерашното гостување во„Вести плус“ на Телевизија Канал 5.
Андоновски информира дека Министерството за финансии подготвува нов Закон за игри на среќа со кој, како што рече, се очекува да се има една посериозна, посеопфатна рамка.