
Премиерот Мицкоски и министерот за здравство се договориија пак да се видат. Средбата од која сите очекуваа да се знае дали Таравари ќе лета од Владата откако почна намигнува кон ДУИ заврши со едно кафе, прашува авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Али се пали. Претседателот на ДУИ се закани дека ќе ја прави големата ако биде поднесено обвинение против поранешниот министер за економија Крешник Бектеши , во чие време била издадена фаслификат лиценца за дискотеката на смртта во Кочани. Ахмети дури и ќе излезел на улица, а ако излезел веќе немало враќање.
Вака команданте обвиниение поднесува или не Јавното обвинителство на чело со Љупчо Коцевски. Не власта. Може Али заборавил, ама каков-таков, Коцевски беше избран во Собранието и од страна на ДУИ.
Значи се заканува на погрешна адреса. И уште нешто, зошто закани само ако се поднесе обвинение за Крешник Бектеши. Па што е Крешник повеќе вреден од еден Артан Груби, Беким Незири или пак Ваљон Сарачини. Толку ли брзо ги пушти низ вода.
Има ли јунак да му каже дека неговото време помина и оти ДУИ веќе не е никаков фактор во Македонија, како што не се ни Албанците на Балканот. Поарно му е да молчи , оти ако се јават оние од Хаг или пак се појави на некоја црна листа ќе може да биде само претседател на месна заедница во Зајас. Ако му дозволат и таму.
И нормално, првата поддршка за Али Ахмети да излезе на протест дојде од никој друг туку од Венко Филипче.

Има некој стокхолмски синдром штом толку сакаат да бидат со ДУИ, партијата што ги прати во опозиција..По се изгледа европскиот фронт се враќа за локалните избори.Старите пријатели ДУИ и СДСМ, надополнети со Таравари..Леле што си бевме големото друштво.
Самоо, се сеќавате ли дека по ножињата што знае да ги зарие во грб. Да ве потсетам дека пред претседателските избори, кога Таравари беше ни ваму ни таму, ни власт ни опозиција, токму ДУИ бараше од него да не се кандидара за претседател со цел Албанците да имаат еден кандидат. Се разбира дека не ги послуша.
Ако ги послушаше, кандидидатот на Албанците, во случајот Бујар Османи ќе имаше повеќе гласови од Стево Пендаровски и ќе влезеше во вториот круг со Гордана Силјановска. Наравоучение, си се заслужувате едни со други..
Одбележавме 89 години од кодификацијата на македонскиот јазик. Сите политичари, како што е редот ја истакнаа важноста од овој датум.
Меѓу нив и лидерот на СДСМ Венко Филипче. Тој истакна дека македонскиот јазик е нашиот код и коренот на нашиот идентитет. Туку дали Венко памети што говореше неговиот другар и бизнис партнер за македонскиот јазик кој го распродаваше македонскиот јазик како на тезга во Петрич.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски испадна онака како што предвидов пред неколку епизоди.

Како во вицот со петелот, кој ја бркал кокошката за да заврши работа, а таа трчала неколку круга пред да му се предаде за да не помисли дека е лесна.
Па така и Зеленски, се нечкаше, се бунепше, еднаш и го избркаа од Белата куќа и на крај мораше да го потппише Договорот за минералите.
Во превод Америка сега е сопственик на се што е вредно во Украина. Зеленски, и тие што ќе дојдат после него веќе не се прашуваат за ништо. Друг е газда во Украина. Така е тоа, кога слушаш друг, односно Европската унија. ЕУ беше спремна да ја поддржува Украина до последниот Украинец.
Тоа е, во политиката ништо нема за џабе. Досега Америка во оружје и даде на Украина околу милијарда долари, а експлоатацијата на минералите во следните децении ќе вреди неколку пати повеќе.
А Украина покрај најголема житница е една и од најголемите наоѓалишта на ретки минерали. Алуминиум, графит, литиум.Се што денеска е на цена и од кои зависи производството од мобилни телефони до електрични автомобили.
По три години и војната е при крај. Веќе се надзира каков ќе биде исходот. Русија ќе земе третина од територијата на Украина на Истокот, а Украина ќе мора да признае и дека Крим е руски.
Компромисот ќе биде тоа што Украина нема да биде принудена формално да ги признае загубените територии или пак да го менува Уставот, кои ќе се водат како привремено отстапени на Русија поради мир.
Па браво Зеленски, уште ако Американците кренат раце од Украина како што најавуваат, ете ги Русите за некоја година како ставаат знаме среде Киев.
Европа го одбележува Денот на победа над фашизмот најразединета во својата историја. Она што се нарекува Европска унија успеа да го украде и девети мај и да го нарече Ден на Европа.
Замислете, губитниците во Втората светска војна прославуваат некаков измислен Ден на Европа, а оние кои беа на вистинската страна на историјата, меѓу кои и Македонија ќе треба да мафтаат со европски знаменца за да не пофалат дека некогаш ќе станеме членки.

Оние политичари пак кои сакаат да заминат на парадата во Москва одеднаш им се нарушува здравстввената состојба. Во името на демократијата, се разбира.