Skip to main content

Алиу: Секој граѓанин над 40 години ќе има право на бесплатни прегледи

Сите граѓани над 40 години ќе имаат право на бесплатни прегледи за рано откривање на дијабетис, хипертензија, срцеви и белодробни заболувања, најави новиот минситер за здравство, Азир Алиу.

Министерот вели дека тоа се европски стандарди. Програмата ќе важи за сите граѓани, а пријавувањето за прегледите ќе биде онлајн.

„Европските стандарди покажуваат дека од 35 до 45 проценти се намалуваат ризиците за понатаму и лекувањето е многу поевтино. Направена е физибилити-студија, знаеме како – ќе одиме чекор по чекор со кампања за да ги информираме граѓаните и втор момент е начинот на апликација. Не е нешто што ќе почне од утре, туку е програма за скенирање и обуки за тоа како да се грижиме за нашето здравје“,кажа Алиу.

На денешната – прва прес-конференција по неговиот избор, Алиу објави амбициозен план за реформи во здравството, во пет столбови – од мапирање на здравствените потреби по региони, платформа за следење на перформансите на болниците, професионален развој на кадрите, план за одржливо финансирање и дигитализација.

Поврзани вести