
Во посета на НУБ, делегација од Националната библиотека на Бугарија, информираа оттаму.
При посетата гостите имаа можност да погледнат изложба за историјатот на НУБ и да се запознаат со начинот на функционирање на нашата Библиотека.
При оваа работна посета се потпиша и Меморандум за соработка и разбирање меѓу двете национални библиотеки.
Меморандумот го потпишаа г-а Калина Иванова, директор на Националната библиотека на Бугарија „Св. Св. Кирил и Методиј“- Софија и г. Јовица Никчевски, директор на Националната библиотека на Македонија „Св. Климент Охридски“ – Скопје.
Веднаш се договорени идни конкретни заеднички проекти, размена на искуства во областа на информатичката технологија во библиотечната дејност, развојот на онлајн платформи за нашите корисници и имплементација на вештачка интелегенција во услугите и обработката на библиотечниот материјал.
НУБ продолжува да биде мост за меѓународна соработка и разбирање, амбасадор на културните добра и културното наследство на Република Македонија.

Македонски


