Skip to main content

Во Никшиќскиот театар започнаа пробите за новата претстава „Татко“ во режија на Наташа Поплавска 

Во Никшиќскиот театар започнаа пробите за новата претстава „Татко“, работена според текст од францускиот писател Флоријан Зелер, а премиерата е закажана за почетокот на октомври.

„Претставата „Татко“ е едно од најпознатите дела на Зелер и освои престижни награди. Истиот текст е искористен за снимање на популарен филм кој освои Оскар“, истакнуваат од Никшиќскиот театар.

Режисерка е Наташа Поплавска ќе ги дизајнира и костимите, додека Весна Сушиќ ќе ја создаде сценографијата. Во екипата се: Владан Гајовиќ, Ања Дрљевиќ, Никола Васиљевиќ, Маја Стојановиќ, Јован Кривокапиќ и Андреа Драшковиќ.

Поврзани вести