
Вечерва, со почеток во 20:00 часот во Драмскиот Театар во Скопје, во рамките на Неделата на независен театар, ќе биде изведена претставата „Казабалкан“ од Горан Стефановски, а во режија на Дамјан Костовски.
Ќе настапи актерска екипа: Мирјана Трпковска Коствска, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Јана Вељановска, Васко Костовски, Марина Поп Панкова, Христијан Поп-Симонов, Теоман Максут и Саша Димитриевска.
Претставата на духовит начин ги отвара мрачните страни на човековата судбина и последиците од војната. Во центарот е обичниот човек кој не по своја вина повторно се наоѓа на тенката линија помеѓу животот и смртта.
Продуцент и сценограф е Екатерина Николовска, костимограф е Екатерина Добривојевска, а композитор е Бојан Филиповски.