
Tеатарска претстава „Вистината“ по текст на Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи, вечерва во 20 часот ќе ја има својата премиера на сцената на Албанскиот театар за деца и млади Скопје. Улогите ги толкуваат: Мумин Абдулахи, Деа Пајазити, Флакрон Алиу и Мелика Кастрати.
Сценографијата е на Симона Димковска, костимографијата – на Сара Широки, а музиката – на Албин Сопа.
Претставата е на албански јазик, со титлуван превод на македонски јазик.