Skip to main content

Уметнички од Германија и Македонија соработуваат на седмото издание на изложбата „Фемина 8/7 – Истокот и Западот“ која се отвора на 12 јуни во Кинотека

Плакат ДЛУМ

На 12 јуни, четвртокот во 20 часот во Кинотека ќе биде отворено седмото издание на изложбата „Фемина 8/7 – Истокот и Западот“, проект на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ“ во соработка со кураторките Јана Манева – Чупоска и Ирена Паскали.

„Фемина 8“ е препознатлив ликовен проект во кој досега учествувале над стотина македонски и странски ликовни уметници. Препознатлива е по специфичниот карактер и ликовен израз кој во себе содржи повеќе ликовни медиуми, од класично штафелајско сликарство па сѐ до концептуални формати и нови медиуми.

„Фемина 8/7“ е мултимедијален проект, овојпат насловен како „Истокот и Западот“, во кој соработуваат жени уметнички од Германија и Македонија. Главната работна тема е поврзувањето на културолошките тенденции на една жена во средината и општеството во кои таа живее и твори. Сите различни аспекти на егзистирање во една животна средина претставуваат влијателен фактор врз формирањето на ликовниот идентитет на една жена уметница. Ваквиот концепт всушност ја претставува носечката ликовна идеја при анализата и реализацијата на овој проект, преку преиспитување на културолошките релации меѓу Истокот и Западот и нивно редефинирање односно предефинирање.

Поттикот егзистенцијалната ликовна идејна потреба есенцијалното да се преточи во ликовен концепт, вкрстувањето на световите како размислување и дијалог меѓу културите, ја прави оваа изложба возможна со интересен креативен женски ликовен пристап и идентитет. Иако уметноста нема никаков род како авторски потпис, можеме да го дефинираме овој концепт како творештво креирано со женско ликовно писмо, кое може да биде прикажано на моменти низ противречности и различни вредности, кое говори за ликовна симболика, за универзална вистина која се однесува на духовната еднаквост меѓу луѓето. Согледана низ очите на учесничките во овој проект, македонските и германските авторки се обидуваат преку ликовно-толкувачкиот процес заеднички да ја креираат вистинската потреба од преиспитување на присутноста на уметничките од различни општества и различни средини. Испреплетувањето на диференцијални ликовни сигнализации ќе придонесе во овогодинешната „Фемина 8/7 – Истокот и Западот“ за креирање на нов ликовен концепт кој како уметнички пристап ќе создаде сличности и разлики, но и преку ваквите различности или сличности се креира авторска кохезија на еден специфичен, креативен и уметнички начин.

Изложбата е реализирана во соработка со германското здружение од Дизелдорф – „Продуцентска галерија План Д“. Во соработка со ова здружение проектот „Фемина 8/7 – Истокот и Западот“ отвора нови можности за соработка, претставувајќи два концепти и пристапи кон создавање нови креативни творештва, со жената како главен ликовен протагонист.

Поврзани вести