Skip to main content

Студентска изложба „Збирка“ во Галерија ФЛУ

Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе ја отвори Студентската изложба со наслов „Збирка“.

На изложбата, којашто ќе биде отворена во Галеријата ФЛУ, објект Педагошка, во периодот од 19 часот, ќе бидат претставени избор на дела од студенти на Катедрата за сликарство и трансмедиумски практики, Катедрата за скулптура и трансмедиумски практики, Катедрата за графика и трансмедиумски практики, како и од Катедрата за педагогија при Факултетот за ликовни уметности, од сите четири години на студии.

Преку дела реализирани во различни ликовни медиуми, вклучувајќи сликарство, скулптура и графика, изложбата ја прикажува актуелната продукција на студентите и нивните разновидни тематски и авторски пристапи.

Настанот ќе биде збогатен со музичка селекција од DJ Gianni Filipo, а изложбата ќе биде отворена за јавноста до 10 јануари.

Поврзани вести