Skip to main content

СКРМ: Нека 1ви Мај ни биде потсетник дека секој труд заслужува почит, а секој работник – сигурност и достоинство

СКРМ/ фејсбук

На овој значаен ден им оддаваме признание на сите вредни работници кои со својот труд придонесуваат за подобра иднина и подобро општество. Први мај не е само празник, туку симбол на борбата за работнички права, праведни услови и достоинствен живот.

Нека 1ви Мај ни биде потсетник дека секој труд заслужува почит, а секој работник – сигурност и достоинство.

Во културата, трудот не се мери само со време, туку со посветеност, инспирација и љубов кон уметноста и духовното наследство. Затоа денес оддаваме признание на сите културни работници – уметници, творци, истражувачи и вработени во културните институции – кои неуморно придонесуваат за збогатување на општеството.

Овој 1ви Мај културните работници го дочекаа со скратени работнички права, преку:

Еднострано наметнати решенија за плата со кои, на сите културни работници им е скратена платата за месец Март за 3%.

Несоодветно вреднување на нивната стручност и труд преку невалоризирање на нивните стручни звања, едностано прогласувајќи ги за непотребни се со цел да не бидат исплатени

Несоодветно вреднување на нивниот труд и уметнички квалификации преку непланирање и неодобрување на финансиски средства за соодветно унапредување на уметниците

Несоодветни услови за работа и

Неосновани напади на Колективниот договор за култура кој треба да биде пример за правично вреднување на трудот.

СКРМ како и секогаш ја продолжува борбата за работнички права, достоинствени услови за работа и социјална правда.

Нека овој ден биде поттик за градење на праведно и солидарно општество, во кое трудот се вреднува и почитува.

Нека овој ден биде поттик за поголема поддршка, разбирање и вреднување на трудот на културните работници.

Нека ви е честит празникот, со желби за здравје, мир и успех во секојдневната работа!

Овој ден го посветуваме и на нашиот драг колега и голем синдикален борец Самоил Стојановски, кој изминатите години секој првомајски протест беше до нас. Овој 1ви Мај ќе протестираме без тебе Самоил но твојот борбен дух и енергија ќе биде меѓу сите нас.

Да живее 1-ви Мај!

Поврзани вести