Skip to main content

Силјановска, Перински и Филков уживаа на отворањето на новата сезона на Националниот џез оркестар

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова и министрите за локална самоупрва Златко Перински и за правда Игор Филков присуствуваа на концертот „Џез-лектира: Quintessence by Quincy Jones!“, со кој се отвори новата сезона на Националниот џез оркестар.

Kонцертот кој беше во знакот на музичкиот гениј Квинси Џонс, беше доживување за сите сетила. Уживавме во магијата на музиката, прекрасната и уникатна атмосфера благодарение на изведбата на Сашо Гигов – Гиш, Џон Илија Апелгрен и други наши истакнати солисти, кои со својата интерпретација и сценски настап покажаа дека и ние имаме уметници достојни за почит во светски рамки“, објави Перински на социјалните мрежи.

Поврзани вести