Skip to main content

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Со промоција на стихозбирката „Рајсфершлус“ од Јулијана Величковска, во кафе-галеријата „Лувр“ во Прилеп ќе почне седмото издание на проектот „Добри гости“, кој иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители.

Настанот е организиран од издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, во соработка со „МА Продукција“ од Прилеп и „Култура Бета“ од Скопје, а поддржан е од Општина Прилеп.

На седмото издание на „Добри гости“ во Прилеп ќе учествуват Нина Насеска, Славчо Ковилоски, Андреј Ал-Асади, Никола Дукоски, Игор Трпчески, Звонко Димоски, Оливера Андоноска, Марија Ангеловска, Андреј Медиќ Лазаревски, Филип Димкоски, Петар Петрески, Викторија Ангеловска, Габриела Стојаноска-Станоеска, Сузана Ѓеорѓиевска, Лина Димоска, Елена Јандреовски, Андријана Дукоска, Ели Луческа и Јулијана Величковска.

Промотор на стихозбирката „Рајсфершлус“ ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, а потоа ќе следува и книжевното читање на кое ќе настапат сите учесници.

Серијата „Добри гости“ се состои од читање поезија и проза, емитување поетски и други краткометражни филмови поврзани со литературата, разговори со автори, издавачи, разни трибини, книжевни промоции, работилници и слично.

Како што соопштија организаторите, проектот досега се одржа во Штип, Тетово, Струмица, Демир Хисар, Куманово и Охрид, а планирани се гостувања во уште градови низ земјата.