Skip to main content

Сценско-музичка интерпретација на народна и антологиска македонска поезија во Македонскиот КИЦ во Софија

На 19 декември 2025, од 18:30 часот, во Македонскиот КИЦ во Софија ќе се одржи настанот ,,Сценско-музичка интерпретација на народна и антологиска македонска поезија” во кој ќе земат учество актерот и режисер Васил Михаил и музичарот – гитарист Слободан Боби Ѓошиќ. Тие пред публиката ќе претстават избрана македонска поезија и ќе ја претстават во форма на поетски театар.

Васил Михаил е роден 1979 година во Струмица. Актерското образование го завршил на НАТФИЗ ,,Крсто Сарафов” во 2001 година. Специјализирал во повеќе театарски области, а 2020 година магистрирал филмска режија во Скопје. Најпознат е како актер, но неговата кариера е проткаена и со бројни режии и драмски текстови и сценарија. Добитник е на повеќе награди дома и во странство.

Слободан Боби Ѓошиќ е роден 1976 година во Гевгелија. Дипломира во Штип на ФМУ отсек џез музика – гитара. Магистерски  студии завршува во класата на проф. Антонијо Китановски. Работи во НУЦК ,,Антон Панов” – Струмица во секторот за  музичко-сценска дејност. Свири класична, џез и македонска традиционална музика, како и чалгиска,  каде користи и сопствени аранжмани.

Поврзани вести