
Со претставата „За цел живот“ во режија на Јасенко Пашиќ на Градскиот театар „Сартр“ од Сараево вечерва во 20 часот се затвора 4. издание на на Фестивалот на регионални театри РУТА во Драмскиот театар во Скопје.
Во претставата играат актерите: Сеад Пандур, Аднан Кресо, Давор Сабо, Кемал Ризвановиќ и Дино Хамидовиќ и режисерот Пашиќ
Сите нешта кои, во Сараево, се случувале во последните стотина години, сите поминуваа и низ фудбалскиот клуб Железничар. Кога градот згаснувал – згаснувал и клубот; кога градот се обновувал – напоредно се обновувал и клубот. Интересно е до која мера и градот и клубот биле маргинализирани – градот од големите европски сили, а клубот од градските и од државните структури. Сепак, успеале да опстанат, благодарение на цели армии од луѓе кои ги сакаат. Клубот е повеќе од спорт – тој е движење, емоција, вредносен систем. Ја избравме есенцијата од море на приказни. Љубителите на клубот несомнено ќе го засакаат уште повеќе; тие кои немаат однос кон него – е, тие најпосле ќе разберат зошто Железничар е толку сакан – вели режисерот Пашиќ.
Следејќи го развојот на фудбалскиот клуб Железничар, напоредно ја следиме и урбанизацијата на Сараево. Ова не е само приказна за фудбалот, туку е приказна за концептот на љубовта кон недофатливите нешта. Изминатите стотина години на Сараево, како град, суптилно се испремрежени/прераскажани низ перспективата на еден фудбалски клуб, повеќе од омилен во својот град. Тешко е да се прераскаже колку ваквиот („езотеричен“) материјал може да стане и театарски потентен – бидејќи ние фактички го прикажуваме она што не може да се искаже и да се изговори. Претставата се обидува да ги разниша предрасудите за фудбалските навивачи – вели Бењамин Хасиќ, писател и драматург.
 
                    
 
                         Македонски
Македонски







