Skip to main content

Промоција на романот „Леска Брезоска“ од Симона Јованоска во МКЦ

Во галеријата во Младинскиот Културен Центар во Скопје, на 18 декември (среда), со почеток во 19:00 часот, ќе биде промовиран романот „Леска Брезоска“ од Симона Јованоска.

По наградениот и преведуван роман „Денот на црвот“, Симона Јованоска повторно се појавува на книжевната сцена со нејзиниот нов роман со несекојдневен и загадочен наслов – Леска Брезоска.

Која е Леска Брезоска, што се крие зад нејзината приказна, ќе откриете во непосредниот разговор со авторката.

Поврзани вести