Во време на зимско сивило, се топлиме со бои! А графичките новели со својата богата палета се совршени за возбудливо патување низ чувствата. Овој книгокруг е посветен на графичката новела „Брчки“ од шпанскиот автор Пако Рока, за која ќе разговараме со професорот Владимир Мартиновски, кому спојот на книжевноста и ликовната уметност му е професионален интерес.
Знаеш ли дека нашиот фестивал „Синедејс“ додели „Златна ѕвезда“ за филмската адаптација токму на оваа графичка новела?
„Брчки“ е дел од едицијата „Нашите приказни“ поддржана од Европската Унија.
Ве очекуваме во четврток (30.1.), од 19 часот, во книжарница ТРИ (ГТЦ) на греано вино и мноооогу бои, велат организаторите.