Skip to main content

Почна реконструкцијата и адаптацијата на поранешното кино „Партизан“ во Битола, министерот Љутков очекува да биде готово до крајот на 2026 година

Министерство за култура и турузам

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со премиерот Христијан Мицкоски градоначалникот Тони Коњановски, денеска во Битола присуствуваше на отпочнување на реализација на капиталниот проект за реконструкција и адаптација, на поранешното кино Партизан.

Љутков истакна дека проектот, вреден 96 милиони денари, претставува прв сериозен чекор кон новата културна иднина на градот.

Кино „Партизан“ во Битола /фото: Министерство за култура и туризам

Како што ветив и при мојата неодамнешна посета, денес, во Битоа започнуваме со реализација на капиталниот проект за реконструкција и адаптација, на поранешното кино Партизан вреден 96 милиони денари. Изведувач е битолската компанија „БВ Инженеринг ДООЕЛ“, а надзор врши „ЗИМ“ од Скопје. Реализацијата на проектот е предвидена до крајот на 2026 година.“, рече министерот Љутков.

Васко Мавровски, директор на Народен театар Битола, Зоран Љутков, министер за култури и туризам, Христијан Мицкоски, претседател на Влада и Тони Коњановски, градоначалник на Битола / Фото: Министерство за култура и туризам

Министерот Љутков истакна дека затекнал нереализирани и закочени проекти, поради што Министерството посветено и системски работело на на откочување на наследените проекти, на нивна правна и финансиска консолидација и, пред сè, на создавање реални услови за нивна вистинска реализација.

Капиталниот проект за реконструкција и адаптација, на поранешното кино Партизан е вреден 96 милиони денари / Фото: Министерство за култура и туризам

Во изминатиот период посветено, одговорно, фокусирано и системски работевме на откочување на наследените проекти, на нивна правна и финансиска консолидација и, пред сè, на создавање реални услови за нивна вистинска реализација. Затоа ова не е обичен проект. Ова е доказ дека кога има волја – има резултати“, рече Љутков.

Поврзани вести